Дневната плата на Меси колку едно порше

Му го стокмија и новиот договор, вкупно седми во Барселона за девет години, овој пат од рекордни 20 милиони евра годишно. Тоа е доказ дека четирикратниот освојувач на „Златната топка“ ќе го гледаме уште долго на „Камп Ноу“. Еве како може да ги троши парите.

Новиот најплатен фудбалер на планетата ќе заработува 1,6 милиони евра месечно, 370.370 евра неделно, 54,894 евра дневно, 2.293 евра на час, 38 евра во минута. Вакви исти примања имаше до сега само Самуел Ето во Анжи, но сега Меси е единствениот. 

Секоја минута Меси може да купува по четири карти за метро или автобус за десет возења. Будејќи не веруваме дека го користи градскиот сообраќај, со истата сума може да изгледа четири филмови во кино или пак да јаде за двајца во некој ресторан во каталонскиот град. 

Со парите кои ќе ги заработува за еден час, а тоа се од прилика четири минимални месечни плати во Шпанија, може да уплати 11 дневно патување во САД или Канада или пак да помине еднонеделен одмор на Бали. 

Со една дневница тој може да си дозволи нешто вредно и луксузно кое може да му остане, а тоа е Порше Boxter од 53.000 евра или Cayman кое чини 55.000 евра, а со неделната плата може на секои седум дена да си купува по една куќа од 70м2 во неговиот кварт во Каталонија, Педралбес. 

Месечните примања од 1,6 милиони евра може да му обезбедат многу по луксузен дом и тоа во елитниот дел на Малага каде поранешниот шпански претседател има куќа од 300м2, и двор од 2000м2. 

Со годишната плата на Меси има најмногу варијанти. На пример може да му ја купи палатата на ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален од 2000м2 во која има осум спални, осум бањи, спа, базен, кино, пет гаражи и фарма. 

17 мај 2014 - 18:43