Делиме 10 гратиси за Македонија - Украина

Не дека утре бркаме историски пласман на Европско, ама доколку на некој му се оди на фудбал и сака да ја бодри Македонската фудбалска репрезентација без да даде ни динар, ќе му излеземе во пресрет.

Македонија утревечер со почеток во 20:45 го игра претпоследниот квалификациски дуел за ЕП 2016 и последен во овој циклус пред своја публика. За да го избегне последното место и треба победа против Украина. Пред нас е Луксембург со еден бод повеќе кој и гостува на Шпанија.

За да ви дадеме карти бараме да погодите само еден од овие фудбалери. Ставете го неговиот реден број и напишете го неговото име и презиме со коментар на Фејсбук под оваа статија. Петмина ќе добијат по две влезници.