Деј Пјеро за Марадона, Инсиње за Деј Пјеро

13-ти февруари може да биде клучен ден за освојувањето на Скудетото во Серија А бидејќи се среќаваат Јувентус и Наполи. Ако победи Јуве ќе бега еден бод, а Наполи со триумф ќе се оддалечи 5 бода. Респектот меѓу големите напаѓачи на овие два тима.

Деј Пјеро е синоним за Јувентус каде остана две децении и освои 15 трофеи. Тој рекордер со 750 меча и 290 голови во историјата на клубот, но не штеди зборови за една друга легендарната 10-та.

Алесандро Дел Пјеро:

„Јас имам играно со Марадона, ама дома во дневна соба кога сонував да станам фудбалер. Доста е ова што го кажав за да објаснам што мислам за Марадона. Тој е од друга планета. Сан Паоло? Според мене тоа е посебен стадион. Тоа е можеби судбина за тие кој го носат дресот со број 10.“

Кога Деј Пјеро почнал да игра за Јуве, Инсиње имал 2 години и како мал имало многу напаѓачи од кои можел да учи на тв. Тој е сега еден од ударните алки во нападот на Наполи и се обидувал да го копира легендарниот напаѓач на Јуве.

Лоренцо Инсиње:

„Јас израснав со Алесандро Дел Пјеро. Го обожувам како играч и како човек. Како мал гледав касети од него и се обидував да ги повторам неговите потези. Тој е за мене пример за сè. Љубоморно го чувам дресот кој ми го даде. Гест кој нема никогаш да го заборавам.“

Мечот меѓу Јуве и Наполи за кој веќе на големо се пишува и се зборува во италијанскиот печат се игра во сабота со почеток од 20:45.

10 февруари 2016 - 11:07