Чилеанецот кој голот го споредуваше со оргазам

Го паметиме најмногу во дресот на Интер, како и бројот 1+8 кој го носеше на грбот. Остави белег и во Реал Мадрид каде во 1995 титулата во Шпанија ја прослави како најдобар стрелец. Нападот на Чиле го предводеше заедно со Марчело Салас и беа препознатлив тандем во светот.

Иван Заморано веќе една декада не е активен фудбалер. Кариерата ја заврши во чилеанскиот клуб Коло Коло, а најдобрите мигови од својата кариера ги имаше во „Кралскиот клуб“ каде освои три трофеи, од каде потоа го засили нападот на Интер.

Во едно интервју изјави дека постигнувањето на гол е исто со оргазмот и служи за зголемувње на неговите женски фанови. Најдраг му оној во финалето од Купот на УЕФА против Лацио кога заедно со Роналдо и Занети му донесоа убедлив триумф на Интер. 9-ката мораше потоа да му ја даде на бразилската ѕвезда, но најде начин повторно да ја носи во друг облик откако побара дрес со број 1+8.

„Тешко е да кажам кој беше мојот најубав момент во кариера, но еве би ја издвоил ноќта во Париз кога го освоивме Купот на УЕФА, а јас постигнав гол. Им се заблагодарувам на сите клубови за кој настапував, но со Интер посебно сум поврзан, а тоа е благодарение и на нивните неверојатни навивачи. Големо благодарам до Масимо Морати за петте прекрасни години. Секогаш кога се враќам во Италија се чувствувам како дома. Се сеќавам на големата почит која ми ја направи клубот кога требаше да си заминам. Џанчинто Факети ми даде дрес, оној со 1+8, навивачите го скандираат моето име, а кога се стрчав од центарот на игралиштето спрема навивачите плачев како бебе. Такво нешто не ми се случило на друго место“.

Поранешниот чилеански репрезентативец на 69 меча постигна 34 голови за својата земја која во тандем со Салас го однесоа Чиле до осминафиналето на Светското првенство 1998. Во моментов работи како асистент тренер на селекцијата на Чиле до 18 години, а се шпекулира дека во иднина ќе го води и сениорскиот национален тим.

„Ќе бидам шокиран ако Бразил не го освои Мундијалот. Тие се фаворити, но тука се и Германија. Аргентина и потоа Италија, Чиле, Колумбија. Можеме што сакаме да кажеме, но историјата не може да ви помогне да победите. Светските првенства се ист предизвик за сите репрезентации. Се игра и се мисли натпревар по натпревар и се надевам дека Чиле ќе биде изненадување на ова првенство“, изјави Заморано за веб сајтот на Интер.

19 јуни 2014 - 12:51