Чави: Сколс и навивачите на Селтик се најдобри

Капитенот на Барселона објаснува зошто му се омилени поранешниот англиски репрезентативец и шкотските навивачи.

Чави 10 години игра заедно со Меси, претходно со Роналдињо, а од другата страна се бори против Роналдо. Но човекот кој во кариерата има освоено 25 трофеи и кој пет пати беше номиниран за Златната топка, комплиментите му ги дава на легендарниот Пол Сколс.

Се сретнаа во полуфиналето од ЛШ во 2008 година кога Јунајтед отиде понатаму, а по три години во финале кога Барселона славеше на Вембли со 3:1.

„Посакував многу да играм заедно со Сколс. Тој го играше фудбалот онака како што треба и додека беше во зенитот од кариерата, беше најдобриот играч од среден ред во светот. Мислам дека немаше никогаш да заиграме заедно, бидејќи неговата лојалност спрема Манчестер, беше иста како мојата за Барселона“.

Плејмејкерот на Барселона играше неколку пати против Селтик. Атмосферата и два порази на „Селтик Парк“ почувствува во 2004 и 2012 година.

„На стадионите каде досега сум настапувал, мислам дека не сум видел нешто слично како на „Селтик парк“. Кога ќе стапнеш на нивниот стадион, атмосферата која ја создаваат е неверојатна. Според мене тоа што ги прави најдобри е поддршката која ја даваат кога нивниот тим губи. Лесно е да навивате гласно кога ќе ја победите Барселона, но кога на домашен терен ги победивме 6:1, во таков случај повеќе навивачи би си заминале предвреме. Тие не се однесуваа како нивниот тим да примил 6 голови, туку на крајот навиваа како да освоиле Лига на шампиони“, вели Чави.

Иако за нив многу пати му раскажувал Хенрик Ларсон, Чави вели дека откако ги слушал како навиваат во живо, сфатил зошто поранешниот шведски репрезентативец не сакал долго време да си замине од Глазгов.

24 ноември 2014 - 19:11