Манчини доаѓа, Зенга тагува

Италијанскиот клуб на својот веб сајт објави дека Валтер Мацари е отпуштен, а на негово место доаѓа нивниот поранешен тренер кои потоа ги водеше Манчестер Сити и Галатасарај. Се огласи и Валтер Ѕенга, противкандидатот за клупата.

Валтер Мацари е отпуштен по слабите резултати, поради кои Интер е 9-ти со 16 бодови. Под водство на Мацари, Интер победи на четири натпревари, имаше четири нерешени и четири порази. Интер со Манчини се договори на нова две ипол годишна соработка.

По шест години, Манчини се враќа на местото, каде за четири сезони освои три Скудета, два Купа на Италија и два Суперкупа. Поранешниот фудбалер на Сампдорија го водеше Интер од 2004-та до 2008-ма година, а во составот кој редеше трофеи имаше имаше имиња како Луис Фиго и Златан Ибрахимовиќ.

Манчини во улога на тренер на Интер седеше на 152 натпревари, од кои забележа 96 победи, 42 нерешени и 14 порази. Тој се договори на две ипол годишна соработка со Интер која ќе му почне од градското дерби на 23 ноевмри.

Покрај Манчини, кандидат за клупата на Интер беше уште и Валтер Ѕенга кој беше голман на „Џузепе Меаца“ од 1982 до 1994 година со 328 настапи. Тој до сега беше тренер на Црвена Ѕвезда, Катанија, Палермо, Динамо Букурешт и Ал Џезеира.

На Твитер напиша:

„Го одбраа Манчини. И јас бев во „трката“, сонот ми беше близу... Штета, можеби во некој друг живот. Фала на сите“.