Од дното до Премиер лига

Брајтон - Новата англиска фудбалска бајка

По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.

Англискиот фудбалски клуб Брајтон во Премиер лига не играл од 1983 година, цели 34 години. Затоа радоста после тројната судиска свирка синоќа на мечот против Виган (2:1) значеше и еуфорија во целиот град кој има 156.000 жители и којшто во 2000-та доби статус град од страна на кралицата Елизабета. Брајтон е оддалечен 86 километри од Лондон и се простира вдолж каналот Ла Манш.

Клубот е основан во еден класичен англиски паб пред 116 години, а тимот низ историјата имал подеми и падови. Историски секогаш правеле чекор напред, два назад, а сега се вратија во Премиер лигата после повеќе од три децении и спремни се да покажат што можат да направат.

Во ноември 1897 година бил основан првиот професионален фудбалски клуб во градот Брајтон и Хоу - Брајтон Јунајтед. До 1898 година настапувал во Јужната лига на теренот Крикет Граунд во Хоу, но работите тргнале на лошо и во 1900-та клубот згаснал пред крајот на втората сезона.

Некои ентузијасти потоа го формирале клубот Брајтон и Хоу Ренџерс - аматерски клуб кој играл на северот од Брајтон. Ренџерите постигнале одлични резултати и му обезбедиле место на Брајтон во Јужната лига во сезоната 1901-1902, но поради финансиски проблеми одново испаднале.

Конечно во 1901 година во клубот се вратил Џон Џексон, поранешен тренер на Брајтон Јунајтед којшто организирал средба во „Севен Стар Хотелс“ и така настанал денес познатиот Брајтон енд Хоу Албион. По неколку натегања околу грбот, на крајот морскиот галеб станал официјален симбол во 1977 година.

Новиот клуб се појавил на голема врата со нова опрема - бели шорцеви и сино-бели дресови. Тимот ојачувал и бил близу пласман во втората лига, но завршил трет. Наеднаш им се појавиле проблеми со стадионот којшто го делеле со друг клуб а после тоа морале да играат на стадионче кое во основа било место предвидено за зоолошка градина.

Чекор по чекор „Галебите“ оделе кон целта, но не им било едноставно. Пред 20 години во 1997 година кога би прашале навивач на Брајтон енд Хоу Албион за Премиер лигата, тој би се исплашил од помислата. Знаете ли зошто? Затоа што Брајтон низ целата историја после секоја голема радост го стигнувал страшен пад.

Така во еден момент морале да се вратат кај Зоолошката градина со своите ужасно неудобни места и смешен капацитет од 7.000 седишта. После тоа Дик Најт претседателот на Брајтон добил илјадници писма и петиции за нов стадион но тој ги игнорирал.

Но се појавил Норман ’Фетбој Слим’ Кук, познатиот британски музичар кој финансиски го помогнал клубот. Норман нашол неколку инвеститори кој го поддржале Брајтон во тешките времиња.

После овој црн период, се појавило сонце во клубот и „Галебите“ заиграле на нов стадион кој собира повеќе од 25.000 луѓе. Но клубот и натаму не можел да си приушти нов фудбалер.

Собраните пари ги трошеле на опрема, на средување на стадионот и на плати за играчите. Првото големо име кое дојде во Брајтон беше Боби Замора кој потпиша во 2000. година. Тоа беше голем ден за сите навивачи на „Галебите“. Замора три пати беше најдобар стрелец во историјата на клубот а потоа премина во Тотенхем и заработи повик во англиската репрезентација. Во 2015-та Боби Замора се врати во омилениот дрес каде го пренесе искуството од играње во топ-клубовите.

Во 2008. година Брајтон во Купот го сопна Манчестер Сити (2-2, 5-4 на пенали) кој тогаш ја започнуваше новата ера и за кој играа Забалета, Шмајхел, Компани, Стариџ, Жо, Џо Харт и други. Но никој не зборуваше за големиот триумф на Брајтон енд Хоу туку тие останаа “Галебите“ кои играат во Зоолошка градина.

Таа историска победа клубот ја снимил и на DVD диск којшто се продавал на стадионот.

После цел век измачување во пониските лиги, конечно почнале да се појавува и свеж капитал во клубот. Со влегувањето на новиот спонзор „Американ Експрес“ Брајтон веќе не мораше да игра кај Зоолошката градина, туку пред 30.750 луѓе на новата модерна Арена "The American Express Community Stadium". Овој спонзор ден денес е главен финансиер на тимот.

Модерната арена била готова во 2011 година а претседателот Дик Најт изјавил дека и самиот не верувал во ваков подвиг на клубот. Негов наследник година стана Тону Блуб, инвеститорот којшто бил најзаслужен за стадионот „Американ Ескпрес“ и поранешен директор на маркетинг и комуникации во ФА. Со него во управата на Брајтон дошол и Пол Барбер кој бил директор на Тотенхем.

Минатата година Блум финансирал и неколку поголеми трансфери како крилото Џејми Марфи од Шефилд Јунајтед, германскиот стопер Уве Хонемејер од Падеборн, израелскиот центарфор Томер Хемед од Алмерија и 21 годишниот Холанѓанец Елвис Ман од Фејенорд. Набрзо во тимот дошол и 19-годишниот напаѓач Џек Харпер кој станал достапен по распадот на Реал Мадрид Ц.

Примарна цел на Брајтон била да го задржи Луис Данк којшто го барал Фулам и кој за него бил спремен да даде 5 милиони фунти. На крајот Данк останал меѓу „Сиглс“. Стоперот Данк важи за најдобриот млад играч кој е изворно од школата на Брајтон. Клубот во меѓувреме создал и професионалци како Адам Лалана и Окслејд-Чембрлејн.

„Кога се вратив во Брајтон, во првите две недели одиграв два меча со неколку младинци и бев воодушевен од нив. Тоа покажува дека сме на прав пат и не бркаме резултат по секоја цена“, изјавил Боби Замора.

Брајтон полека но сигурно го одеше патот и после 116 години го оствари сонот за кој мечтаеше целиот град. Пласман во Премиер лигата, во друштво на елитата од „Олд Трафорд“, „Емирати“, „Енфилд Роуд“, „Стемфорд Бриџ“... Со победата од 2-1 против Виган во понеделникот, Брајтон и теоретски го обезбеди пласманот во Премиер а целиот град еуфорично го прослави подвигот.

Тренерот на Брајтон, Крис Хатон е менаџер на сезоната во Чемпионшип

Занимливости:
- Мареј (33 години, 22 гола), Ентони Нокерт (25 години, 15 гола), Сем Балдок (11) и Томер Хемед (11) постигнале заедно 59 од вкупно 73 гола на Брајтон сезонава.
- „Галебите“ важат за домашна екипа затоа што во Чемпионшип сезонава имаат 17 победи од 22 меча дома и вкупно 54 бода освоени на свој стадион
- Брајтон имаше серија без пораз во октомври, ноември, декември со 15 меча без пораз (11 триумфи)
- Брајтон ја има најдобрата одбрана во Чемпионшип со најмалку примени гола (само 36) и дури 21 меч без примен гол.

Првиот човек на клубот, Тони Блум

На прославата после мечот микрофонот прв го зеде француското крило Антони Нокар кој пред една година дојде во Брајтон а сега го избраа за најдобар играч во Чемпионшип.

Најгласен беше израелскиот играч од средината Бернам Кајал кој дојде од Селтик пред две години.

Познатиот бизнисмен и врвен покер играч Тони Блум стана сопственик на Брајтон во 2009. година. Во ’70-те години дедо му Хари бил потпретседател на Брајтон.

Селфито на Антони Нокар и Чехот Јиржи Скалак: