Богданов ќе ја гледа Србија од станица

Навивачот кој правеше нереди во Џенова, а се симна на терен и за време на инцидентите помеѓу Србија и Албанија доби забрана да ја гледа селекцијата на Србија на стадион.

Иван Богданов беше главна тема за време на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Италија кој се одигра во 2010 година во Џенова. Откако беше утврдено дека е главен виновник за прекинот на натпреварот, доби казна од три години и три месеци затвор која по една година му беше сменета во забрана за влез во земјите на ЕУ од пет години.

Комесарот за безбедност на Фудбалскиот сојуз на Србија изјави дека тој не смее да присуствува на натпреварите кога игра селекцијата на Србија, а казната за време на мечот против Албанија се уште не била правосилна. Од 2015 година Богданов за секој меч на Србија ќе треба да се пријави во полициска станица.

Откако албанските навивачи минатиот месец фрлија дрон за време на квалификацискиот меч против Србија во Белград, на терен се појави и Богданов, а во причините за одземањето на бодовите на домаќинот стоеше: упад на навивачите на терен, користење пиротехнички средства и столчиња и влегување на Иван Богданов.

Српските медиуми пишуваа дека тој потоа избегал во Косово за да избегне судење. Останува нејасно дали ќе смее да влегува на стадион кога игра Црвена Звезда, клубот за кој навива.

19 ноември 2014 - 12:45