Бизнис лига 2016/2017, рекорден број учесници плус ТВ преноси

Со прес-конференцијата одржана вечерва, најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија го означи почетокот на сезоната 2016/2017. На пресот беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиските покровители, а за прв пат годинава ова аматерско натпреварување ќе има и телевизиски преноси.

Сезоната 2016/2017 е шеста последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број на компании (21) и тоа:

- ЕЛЕМ
- Македонски Телеком
- Гранит
- Лукоил
- МЕПСО
- НЛБ Банка
- Окта
- Раде Кончар
- Сава Осигурување
- ЕВН
- Рамстор
- Систина
- Фабрика Карпош
- Пекабеско
- ЈСП
- Адмирал
- Трансмет
- Оне.Вип
- UNIQA
- Еуролинк
- ФАКОМ.

Овогодинешната Бизнис Лига на Македонија ќе стартува на 03.10.2016 година со почеток во 19:00 часот во ВИП мала сала при С.Ц. Борис Трајковски.

Што се однесува до самиот систем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејќи натпреварувањето се игра без гостински терен, за да на крајот првите 8 екипи влезат во Final 8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање. Победниците од Final 8 го играат Final 4 завршниот турнир кој води до титулата шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Од медиумските покровители оваа година тука се: Офф.нет, Македонски Спорт + печатен медиум (објавува после секој одигран натпревар), Екипа, Антена5, Сити Радио, ClubFM, Вечер, 24Фудбал, Спортско Радио, Метрополис Радио, Точка, Бизнислига.орг (www.biznisliga.org) – официјален сајт на Бизнис Лигата на Македонија (резултати во живо, табела, емисии и осврти на коло), а оваа година ТВ Нова е официјалната телевизија која ќе ја пренесува Бизнис Лигата во целата сезона. 

Oд оваа сезона и Горска вода ќе биде дел од Лигата која ќе биде тука за да ги освежува натпреварувачите. Свое обраќање имаа и проект менаџерите на самата Лига, кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра, успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот.

(промотивен текст)

26 септември 2016 - 21:48