Батистута сакал да ги ампутира нозете

Легендарниот бомбардер на Фиорентина, Рома и Интер во интервју за аргентинскиот канал Тик Спротс го раскажа својот ноќен кошмар.

Го паметиме по евро головите и долгата коса која речиси ја покриваше деветката на неговиот дрес, но ретко кој знае дека Габриел Батистута преживеал вистински пекол по завршувањето на богатата кариера во 2006. година.
 
Последните денови на зелениот терен, 45. годишниот Батигол ги мина во Ал Араби, екипата од ОАЕ, а уште тогаш често се жалеше на болки во нозете. 
„Откако престанав со активното играње, за кратко време станав неподвижен, а болките во нозете беа сè понеподнсоливи“, вели Габриел Омар Батистута.

 

Хоророт бил толку страшен што Батистута почнал да има црни мисли и посакал да ги ампутира двете нозе. 

„Ми беше толку лошо што не можев да станам од кревет и мокрев во лежечка положба. Болката во зглобовите ме натера во еден момент да побарам од мојот доктор да ми ги ампутира двете нозе. Го видов атлетичарот Писториус и си велев дека ситуацијата ќе ми се подобри ако сум без нозете“, потресно раскажува поранешниот аргентински репрезентативец.
Најголем проблем во терапијата претставуал недостигот на 'рскавичното ткиво, без кое многу споро се напредува во опоравокот на вакви повреди.
 
Батистута вели дека било невозможно со неговите 86 килограми да стои на нозете кои ужасно го болеле.
 
Светлото од тунелот, ГОБ го нашол во постепената физичка активност. Најпрвин почнал со лесно пешачење, а потоа почнал да игра голф, спорт со кој се занимава и денес.
„Играм и фудбал понекогаш, но само ако топката дојде до мене, затоа што не сум во можност да трчам и да влегувам во дуели“, ја завршил својата исповест Батистута.
Минатата недела ја напуштил болницата и е пуштен на домашно лекување, а тој вели дека играњето голф го исполнува и тоа е неговиот најголем триумф по девет пеколни години.
 
Да се потсетиме на некои од неговите легендарни голови:
28 август 2014 - 13:07