Баерн Минхен налета на Реал Мадрид, а Јувентус на Барселона

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите кои ќе бидат лудо неизвесни. Имаме реприза на финалето од 2015-та.

Европскиот првак Реал Мадрид доби пеколно тешка задача за одбрана на титулата, бидејќи им се падна германскиот гигант предводен од Карло Анчелоти со кој ја освоија Ла Десима. Ништо полесна задача нема ниту Барселона, дуел кој е реприза на финалето од 2015-та во Берлин.

Четвртфинални двојки:

Атлетико Мадрид - Лестер
Борусија Дортмунд - Монако
Баерн Минхен - Реал Мадрид
Јувентус - Барселона

Првите четвртфинални средби се играат на 11-ти и 12-ти април, а реваншите се закажани за 18-ти и 19-ти истиот месец.

Полуфиналињата се на 2-ти и 3-ти и 9-ти и 10-ти мај кои претходно ќе бидат одредени со ждрепка на 21 април. 

Завесата на сезоната 2016/2017 во Лигата на шампионите се спушта со финалето во Кардиф на 3-ти јуни.

 

17 март 2017 - 12:14