Аматерски потег на Арсенал против аматерите од Сатон

Освен оброкот на резервниот голман на домаќините, на синоќешниот дуел од ФА Купот имаше уште еден невообичаен момент кој слободно можеме да го крстиме како гаф на премиерлигашот.

Кога капитените на двете екипи го имаа оној задолжителен ритуал на поздравување и фрлање паричка кој ќе напаѓа прв, се случи нешто неочекувано од страна на Топџиите кои се посрамотија пред петтолигашот.

Тео Волкот како капитен дојде со празни раце и не му даде знаменце на капитенот на Сатон, на што се зачуди и тој и судиите.

Тој беше еден од двајцата стрелци на мечот со што стигна до јубилејни 100 голови во дресот на Арсенал. За да се оправда од срамниот потег, Волкот по завршувањето на средбата се појави во соблекувалната на Сатон каде се сликаше со играчите и им потпишуваше автограми.

Инаку соблекувалната на Сатон потсетува на соблекувална од физичко во основно училиште, а фудбалерите на Арсенал освен знаменцето, синоќа дома си го заборавиле и осетот за хигиена.

Треба да учат од голманот на Сатон

Едит: Топџиите ветиле дека ќе донираат 50.000 фунти за реновирање на соблекувалните.

21 февруари 2017 - 10:31