Албанското знаме леташе над Белград

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.

Тешко беше да се известува за време на прекинот. Еден од навивачите влета во живо и му се обрати на премиерот на Србија.

Дуелот беше прогласен за натпревар од висок ризик на кој беше забрането присуство на гостински навивачи, а за обезбедувањето беа ангажирани 4.000 полицајци.

14 октомври 2014 - 22:50