Албанскиот Скендербег обвинет за местење

Реномираниот шпански весник Ел Паис се повикува на извори од Уефа и пишува дека албанскиот претставник во Европа, Скендербег е под сомневање дека ги наместил натпреварите против Крусајдерс и Динамо Загреб.

Тимот на Скендербег го оствари историскиот пласман во една групна фаза од европските натпреварувања, но сега се соочува со истрага во Уефа поради нерегуларност на некои натпревари кои се одиграа летово во рамките на квалификациите за ЛШ.

Сојузот на најзначајните европски кладилници Федербет наводно забележал големи и високи уплати дека албанскиот тим ќе прими и четврти гол во моментите кога Динамо Загреб со играч помалку водеше со 3-1.

Како што пишува хрватскиот Индекс.хр, коефицентот дека Динамо ќе даде уште еден гол изнесувал неверојатно ниско 1.20, а според Федербет тој требал да изнесува најмалу 2.50 затоа што „Модрите“ во тие моменти веќе воделе 3:1, имале играч помалку на теренот и обезбеден пласман во ЛШ.

Во моментот кога Алжирецот и најдобар играч на Динамо Загреб, Хилел Судани ги поставил конечните 4:1, обложувачите заработиле помеѓу 4 и 5 милиони евра. Албанскиот тим се сомничи и за нерегуларност на мечот против Крусајдерс од Северна Ирска, во второто квалификациско коло.

Откако го добија првиот меч со 4:1 во Албанија, во реваншот фудбалерите на Скендербег водеа 2:1 но во судиското продолжение примија два наивни гола и загубија 3.2., без никакви последици. Коефицентот дека до крајот на дуелот ќе примат гол изнесувал 1.9 наместо 5.00. Ирците дадоа два гола што на обложувачите им донел профит од 1 до 3 милиони евра. Федербет е организација која што работи за шпанската лига и за Уефа и која дава предупредувања за необични промени на коефицентите.

Благодарение на нив, повеќе десетици лица во Италија се уапсени поради местење натпревари.Од Максимир велат дека не знаат ништо за овој случај и дека УЕФА не ги известила. Од друга страна, Скендербег на извлекувањето на групите во Лигата на Европа вчера за противници ги доби Спортинг Лисабон, Бешикташ и Локомотива Москва.

Головите од мечот Динамо З. - Скендербег:

29 август 2015 - 15:25