А ќе речеш Куп на Конфедерации е пријателски турнир

Повеќе од 90 минути Мексико и Нов Зеланд (2-1) играа на нож синоќа на дуел од Купот на Конфедерации во Русија. Конфликтот почна со нападот на селекцијата од Океанија кога Мексиканецот Диего Рејес го влечеше за дрес Мајкл Боксел. Боксел потоа со две нозе страшно опасно му стартуваше на Ектор Ерера па почна гужвата.

Главниот судија Бакари Папа Гасама прво ги смируваше играчите, а после од горе преку видео-технологијата VAR му јавуваа кој да добие картон. Црвен не делеше, само жолти и ги добија иницијаторите на хаосот, Боксел, Рејес и Ерера.