12 непознати факти за финалето Јувентус - Реал Мадрид

Во пресрет на дуелот кој нестрпливо се чека во целиот свет, неколку факти кои не се многу познати во јавноста.

1. Средбата во финалето ќе биде 19-та меѓу Реал Мадрид и Јувентус во рамки на евро-куповите. Тоа е втор резултат во историјата, на прво место е парот Реал Мадрид - Баерн Минхен кој дури 24 пати се сретнале во Европа.

2. Јувентус и Реал Мадрид по вторпат ќе се судрат во финале на елитната Лига на шампиони. Првпат беше пред 19 години кога славеа Шпанците со голот на Предраг Мијатовиќ.

3. „Кралскиот клуб“ стигна до финалето во европските купови по рекорден 15-ти пат. Четири пати повеќе играл Реал во финалето од најблискиот клуб што го следи, Милан, кој има 11 финалиња. Во 14-те финалиња Мадриѓаните славеле 11 пати (79% успешност).

4. Тимот на Зинедин Зидан може да го повтори уникатното достигнување на Милан којшто два пати по ред го креваше европскиот пехар (тогаш Куп на Европски Шампиони - денес Лига на шампиони) во 1989 и 1990 година.

5. Јувентус е единствената екипа која не изгубила ниту еден меч сезонава во ЛШ (9 победи и 3 нерешени)

 

6. Дани Алвеш е најефикасниот бек во Лигата на шампионите. Од моментот на неговото деби во сезоната 07/08 па до денес никој не дал повеќе голови (10) и не асистирал повеќе (25) колку Бразилецот.

7. Реал на 12 меча сезонава во ЛШ прими 16 гола (во просек 1.33 гола по натпревар). Јувентус е многу подобар во одбраната па на 12 меча примил само 3 гола - Буфон има 0.25 примени гола во просек во ЛШ.

8. Реал најмногу голови дава на крајот од првиот дел. 14 од 15-те последни гола фудбалерите на Мадрид ги дале од 42 до 45 минута.

9. Кристијано Роналдо дава 10 гола во Лигата на шампионите шеста сезона по ред! Ниту еден друг фудбалер не е ни близу до „убиствениот“ учинок на Португалецот. Две сезони по ред по 10 гола давале Лионел Меси и Руд Ван Нистелрој.

10. Ако Џиџи Буфон истрча на теренот (поинаку не може да биде), тој ќе стане вториот супер-ветеран кој играл во финалето на Лигата на шампионите (39 години и 4 месеци). Топ пензионер кој играл во едно финале е Едвин Ван Дер Сар којшто со Барса биеше битка на 40 години и 6 месеци.

Џиџи Буфон играше две финалиња на Лига на шампиони и двете ги загуби (2003 и 2015). Сите сметаат дека е дојдено времето.

11. Зинедин Зидан може да ја освои втор пат последователно Лигата на шампионите и тоа би било најголемото тренерско достигнување во историјата.

12. Велс првпат ќе биде домаќин на финале на ЛШ. Досега организацијата на финалниот меч припаѓала на 17 различни земји.