Видео

Колку многу сакаш да бидеш невеста?
16 Јануари 2017

Условите се: не бираш ти, те бираат тебе. Не те бира само идниот зет, туку цело негово семејство. Ти поставуваат најинтимни прашања и најдлабоко се потресуваат ако имаш пластична операција, претходен брак, студени раце или не дај боже над 40 години. И сето ова на телевизија, пред цел народ. Ако толку многу сакаш, тогаш има ТВ шоу и за тебе (без притоа никој да не те тупи за трилери, украси и терца). Повеќе

Што да јадете пред спиење?
16 Јануари 2017

Спојлер: ништо занимљиво. Освен можда банана, ама јебеш банана ако не ја запознаеш со голема лажица нутела. Плус предлагаат ориз. Ај важи. Повеќе

Па тоа предизвик да ти било, а не Нова година
16 Јануари 2017

Несвесни какви сè софри се случуваат во овој дел од светот од 20 декември до 20 јануари, на Јутјуб масовно почна да се шири предизвикот 10.000 калории, во кој како успех се доживува консумирање 10.000 калории, не на едно седнување, туку во еден ден. Професионална забелешка на предизвикот - разочарувачки неинвентивно го исполнуваат лимитот. Повеќе

Идиократија
14 Јануари 2017

Почетните неполни три минути од филмот наспроти сите ваши прашања - од кај се накотија толку идиоти во светот. Повеќе

Зоолошки радости
13 Јануари 2017

Многу е поедноставно да му се радуваш на снегот кога ги немаш стандардните инфраструктурни проблеми и кога не е проработена кенкавата страна во тебе. Едноставно убаво ти е што сè е во снег. Повеќе

Пол е ѕвер
13 Јануари 2017

Запознајте го Пол. Пол е сингл. Од пред малку, многу, многу сингл. Повеќе

Ова нема зошто да е толку популарно видео
12 Јануари 2017

Ако некогаш тоа биле чудесни животни и невидени народи и култури, денес егзотика повеќе се сврте на - луѓе што физички работат. Над 300.000 шерови и 15 милиони прегледи на Фејсбук. Повеќе

Цилиндер гледа, цевка вади
11 Јануари 2017

Некои луѓе се горди на себе кога ќе дојдат до сознание дека веќе не им веруваат на партиски нафураните вести. Абе, на свои очи не е да им веруваш, не па на тие. Повеќе

Кога Ворхол го интервјуираше Запа
11 Јануари 2017

Енди Ворхол го мразел Френк Запа од дното на душата. Па сепак го вика на интервју во неговата тв емисија, на почетокот на 80-тите. Како и секогаш, на Запа брзо му се пушта вилицата а Ворхол во целиот разговор не зуцнува ни збор. Повеќе

10 години од денот кога Џобс го претстави првиот Ајфон
10 Јануари 2017

9 јануари 2007, Макворлд Експо во Сан Франциско, Стив Џобс излегува на сцена во својата стандардна униформа и започнува со претставување на уредот кој комплетно го промени текот на технологијата и општо човештвото. Повеќе

Ајде да рикаме
9 Јануари 2017

Ниедна туѓа беља не е доволно смешна ако не е придружена со рикање кое ќе ве зарази. А оваа е. Повеќе

Зошто цената на кокаинот е стабилна со децении?
9 Јануари 2017

Мала лекција од наркономија. Децении наназад цената на кокаинот е една од најстабилните цени на светот и стои на 150 долари грам чист кокаин. Зад ваквата реалност стои економската категорија монопсонија, што значи монопол над побарувачката која ја имаат картелите. Сето тоа на грб на (јужноамериканската) Ленка. Повеќе

Не се плаши Тесла со Фарадеј
7 Јануари 2017

Faradey Future се вика колата која се заканува дека ќе биде убиец на електричната Тесла. И можете да си резервирате една за само 5.000 долари. Не дека ги имате тие пари ама сепак прво ѕирнете го видеото. Многу голема превара. Повеќе

Гневното збогување со гневниот преведувач на Обама
6 Јануари 2017

Крајот на мандатот на Ки и Пил беше пред некое време, сега за крајот на мандатот на Обама, Пил како Обама, а Ки како Лутер се враќаат за да се поздрават со народ пред пакување од Белата куќа. Повеќе

Кога и во добро ќе ти текне на Путин
6 Јануари 2017

Не е редот да го спомнуваш Путин само кога ти е зорт, треба и празник да се честита, па макар вие биле само неколку луѓе, со Пунто и хармоника сред шума во Србија. Повеќе

Најбогатото кинеско село
4 Јануари 2017

Една чудна комунистичка утопија со 2.000 жители кои имаат луксузни куќи и автомобили и минимум 250.000 долари на сметка. Само што за богатството им важи принципот "мрднеш - губиш". Повеќе

За многу години дијазепамот
4 Јануари 2017

Новогодишна тв програма, водителите ја канат публиката во студиото да се придружи кон одбројувањето, за еуфоријата да биде општа и неиздржлиива. Аха, ок. Оние партиски мишеви кои кататонично кмишат позади лидерот кога дава изјава знале да бидат поентузијастични. Повеќе

Јапонски проблеми со родители
3 Јануари 2017

Нормално: татко ти и мајка ти не зборат меѓу себе. Проблем: веќе десет години не зборат еден со друг. Јапонски проблем: не се разведени, живеат заедно и пак не зборат десет години. Повеќе

Arrested Development
2 Јануари 2017

Што во Америка може да спречи група мирољубиви црнци да снимат видео спот за песна во која се пее за љубовта, пријателството и разбирањето меѓу луѓето? Полиција. Повеќе