Зошто не кажувате вакви работи?

Некои наши луѓе решиле опасноста од застоеност на македонскиот Инстаграм да ја решат со симпатичен колаж од (дe)еволуцијата на епското „асл плс“.

И богами, кај некои луѓе во глава, некои работи многу поинаку се одвиваат.

Некаде од февруари, на локалните ќошеви на Инстаграм постои профилот @jassakamvagini - наслов инспириран од еден од многуте велелепни примери на романтичен пристап откако постои концептот Инбокс и онлајн чат. Во некоја друга прилика може и ќе дознаеме дали зад ова се кријат дечки или девојки (некако ни се чини дека е второво), ама во оваа ќе се обидеме да се запознаеме и да се објасниме околу бисерите на македонското удвараштво на социјални мрежи.

Прво, ако си женско, и го читаш ова, одма ти е јасно, ама одма. Ако си машко, многу е можно да имаш чуено дека некои луѓе вака прават, ама немаш доживеано како тоа “муњевитом брзином” ескалира. А ако си автор на “јас сакам вагини” и слично од тој жанр - како бе, така?!

Да не должиме многу и да нурнеме во длабочините на некои од овие, ќе признаете, неодоливи понуди.

Првиот пост на профилот како да објаснува зошто е отворен: елоквентноста на обраќањето едноставно не смее да остане несподелена со светот. Особата што влегува директно со понуда и не заобиколува, напротив - од понуда преминува во барање, со што очигледна станува неговата природа на човек што не чека, туку дејствува. Ако ти сам не ја грабнеш можноста, кој?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jassakamvagini on

Во вториот пример, следејќи го актуелниот тренд на понуди од областа на здравата исхрана во инбокс, се појавува човек што - само мисли на твоето здравје. А кога имаш нешто што може да му помогне на ближниот, има ли смисла да го чуваш само за себе?
(Претпоставка: најверојатно му останува само за него)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jassakamvagini on

Третиот пример е важен и од социолошка и од семантичка гледна точка. Имаме несекојдневна можност да го разгледаме овој профил од два аспекти - и како симбол на институција која на одреден начин влијае на група луѓе, и како обичен човек кој има јасна намера некако да повлијае на недолжната особа на која ѝ се обраќа. Интересно е и од двата споменати аспекти да се разгледа и опцијата што ја нуди сервисот (доле десно на сликата).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

:')

A post shared by @ jassakamvagini on

Но, да не се завараваме дека се тоа главно неначитани луѓе. Некогаш толку многу читаат и гледаат филмови, што мислат дека избирајќи малку поинаков пристап (сакам да те познавам умствено, така он тоа го замислува), ќе дојдат до посакуваната цел. Само што, овде човекот во старт си пука во колено:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jassakamvagini on

А имаш и фер понуди. Откако ќе заклучи дека си убава, смета дека е ред да понуди број (со „види фотос“), како би се впуштиле во понатамошна дискусија и евентуална средба за тој број да оди од идеја во реализација. Од профилот уредно се одлучуваат за - 17. И ние.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

17

A post shared by @ jassakamvagini on

Има и такви што само со тебе вака. Не се они такви, ама со тебе ете, не издржале:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Учтив

A post shared by @ jassakamvagini on

Понекогаш мислиш дека читаш нешто магично и нешто што си го чекала цел живот, и магијата нагло умира - малиот доказ во она, slightsmile emoticon, дека можеби, само можеби ти и не си единствената на која решил да ѝ обрне внимание: 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Slightsmile emoticon

A post shared by @ jassakamvagini on

Некои се искрени и однапред кажуваат што можеш да очекуваш:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jassakamvagini on

А некои се до толку многу, толку драматично посветени, што бираат нам непознати изрази за да го искажат тоа. Заборавете тоа „би те носел како капка вода на дланка“, заборавете „сѐ би направил за тебе“, баталете Grenade од Бруно Марс, би убил, би се борел, би ти симнувал ѕвезди... Немате шанси вие со ова, особено кога ќе размислите дека, не е човекот крив - „она си го бара“:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

имаме победник 🥇

A post shared by @ jassakamvagini on

Можеме вака до бескрај, само што, така би ве осиромашиле од личното искуство сами да си ги исчитате сите богатства собрани на оваа свежина на македонското интернет небо.

Сепак, чекорете внимателно. Може да ви се потслоши.

Може и да се препознаете.

Ама не заборавајте дека жените (без слики, со слики, разголени, облечени, провокативни, конзервативни) со ова се бават отсекогаш, секој ден.

И не, никогаш не успева.

Профилот е овде, со среќа и со лесно.

12 јуни 2020 - 13:27