За што се користи тишината?

Сме ја „чуле“. Филмовите, особено тие денес што ги гледаме се експлозија од бои и звуци, ама повремено, дали за да го направат искуството поинтензивно, или да ни покажат баш како му е на тој што го гледаме во моментот, се служат со - тишина.

Тоа се тие глуви моменти после експлозија на бомба („Спасувањето на војникот Рајан“), зголемување на тензијата кога, според приказната, никој не смее да писне („Рифифи“), или едноставно уметничко изразување во време на нем филм (тука финтата е ни букви да нема, како во „Кој последен се смее“). Како што умешно избран саундтрак придонесува кон целокупното уживање во филмот, тишината и тоа како може да те натера да грицкаш нокти од почеток до крај.

18 Мај 2017 - 12:00