Во Лондон има јога со пиво

Како ли дошло до оваа идеја? Некој од тие јогини рекол „Све супер, ама уште не сме го освоиле Балканот до крај?“

А вие мислевте дека јога не е за вас.

Во секој случај, сега можат луѓе да се запишат на јога и да пијат ладно пиво додека вежбаат. И ова не е во онаква светла, тивка просторија каде што се слуша музика свирена на грла од чаши, туку во традиционален англиски паб. И викаат дека „ги спојува радоста на пиењето и свесноста на јогата.“

Јога учителот Гузел Мурсалимова за Business Insider UK вели: „Придонесува кон опуштеност, затоа што многу луѓе што доаѓаат прв пат се многу напнати. Целта е да се победи стресот, да се биде опуштен и среќен, и ако ова значи дека мора да се воведе пиво, тогаш тоа е апсолутно во ред.“

Еден час чини 12 фунти, и за тие пари добивате душек и пиво.

Чекаме на некој во Скопје да му текне.

23 јуни 2017 - 10:45