Пластична хирургија:

Сите сакаат да бидат Меланија

„Сакам да се чувствувам како Првата дама каква што знам дека сум, длабоко во себе.“

Неизбежно беше после масовно пренесуваната кампања и самата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка, сите погледи да бидат свртени и кон Меланија, како што беше неизбежно и да се зголеми процентот на жени кои би сакале да личат на неа.

Еден хирург од Хјустон, Д-р Френклин Роуз ич не е изненаден од новата статистика. Причината? Навикнат бил до сега да прави Иванка Трамп - трансформации, па очекуван е и подемот на „сакам да личам на Меланија Трамп“ пациенти. 

Луѓето легнуваат во операциона сала за липосукција, подигање на задникот и ринопластика, и понеинвазивните ботокси, филери и други прикладни инекции.

Една пациентка, Клаудија Сиера ги има штиклирано сите горенаведени, со муабетот: „Сакам да се чувствувам како Првата дама каква што знам дека сум, длабоко во себе.“ 

Нејзиниот концепт, а и веројатно тука некаде се наоѓаат и колешките е ваков: „За мене, Меланија значи моќ и сила; таа ни е Прва дама и јас се радувам што повеќе ќе личам на неа и што тоа што ќе станам подобра верзија на самата себе ќе се гледа и физички.“

Една пациентка дури и има отидено до таму да си ја документира трансформацијата во реално шоу.

Тоа е сè симпатично, додека не помислиш на еден непријатен факт, поради кој интернетот беснееше на почетокот на годинава... Меланија и Доналд Трамп си личат. А тие статии ги нема никаде на интернет, којзнае зашто.

26 јуни 2017 - 11:36