Дојдовме на моето

Сега може и со бањарка во град

После долгогодишни дебати (најчесто со домашните) за тоа дали е општествено прифатливо да се излегува со пижами, на модната површина сè уште храбро се држи капутот што личи на бањарка.

И сите ние што со мрчење излегувавме од нашата Хју-хефнерска домашна гардероба за да не се потресуваат другите, конечно можеме да земеме воздух – бањарки за во град извадија Mango, Forever 21, H&M, Chloé, Vivienne Westwood, Top Shop, значи сите. Во превод, парчето е толку добро, што кој стигна го извади во излог, и се обидува да му даде свој печат. Особено е фино што на времево уште не му текнува дека јуни иде, па можеме уште малку да се позанесуваме со вакви работи.

За да одговара со небото:

За да личиш на Леон од „Професионалец“:

За претерување:

Бањарка за со штикли:

Затоа што е јако:

Бонус - за кога ќе му текне на времето дека сепак иде јуни:

 

19 Мај 2017 - 13:03