Сега има и лифтинг на трепки

Во '90-ти, единственото разубавување на трепките беше со "римелче", а веѓите не ни спаѓаа во ритуалот на шминкање.

Дваесет години подоцна, постојат цели елаборативни сетови за шминкање и обликување веѓи, па тетовирање веѓи, па маскари за задебелување, издолжување и виткање трепки, маскари што значат "точно знам да изберам што ми функционира, а да не морам да ја продадам куќата" и маскари што значат "да не му треба на некој бубрег? Иам уште еден."

Не мора баш да продавате органи, ама може ќе треба да заштедите малку на јадење. Еден третман чини околу 150 долари (веројатно средната цена) и трае 8 до 12 недели. А ако не ви се прави тоа по луѓе, тогаш можете и сами да научите. На пример, во Беверли Хилс, курсот чини 1250 долари. И лифтинг засекогаш.

Како бубрезите?

 

26 мај 2017 - 11:11