Плејбој моделот Дани Матерс оди на суд заради ругање на Снапчат

Во јули минатата година, Матерс фотографираше 70-годишна жена како се тушира во теретана во Лос Анџелес и напиша „Ако јас морав да го видам ова, ќе морате и вие“. Заедно со тоа - селфи, со раката на уста, божем во шок.

Прво: 

body-shaming (боди шејминг) - ругање на телесни карактеристики

Второ, што си мислеше Дани Матерс кога сликаше гола жена под туш и го објави тоа јавно - не се знае.

Ова самото по себе е прекршување на приватноста, и како што беше очекувано, интернетот збесна. Л.А. Фитнес, теретаната што ја посетуваше и каде што е направена фотографијата, ѝ забрани пристап на сите локации и ја отпуштија од радио-станицата каде што работеше. Во меѓувреме, таа се извини на социјалните мрежи и објасни дека немала намера сликата да оди јавно, и дека „апсолутно згрешила“.

„Избрав да го работам ова што го работам затоа што го сакам женското тело и знам дека боди шејмингот е лоша работа. Тоа не сум јас, и не сум таква личност,“ кажа Матерс на снимка објавена на Снапчат, пред да го избрише профилот.

Надевајќи се дека Матерс ќе стане пример, властите ја најдоа жената на фотографијата и објаснија дека планираат да покренат обвинение во врска со случајот. Во ноември, градскиот обвинител Мајк Фјуер објави дека Матерс ќе се соочи со кривично обвинение заради објавувањето на сликата, што се смета за прекршување на приватноста. Законот во Калифорнија пропишува дека е нелегално да се фотографира или снима „личност што може да се идентификува“ во соблекувална, солариум или во домот без претходна дозвола.

Во понеделникот, адвокатот на Матерс, Дејна Кол наводно расправала дека жената на фотографијата е невозможно лесно да се идентификува и дека во тој случај законот не важи. “Ова е снимка од далеку и жртвата и нејзините физички карактеристики не можат да се идентификуваат“, вели Кол во изјава за Судот.

Се разбира, полицијата секако ја идентификувала жртвата и Фјуер изјави дека ваквото однесување носи последици.

„Ругањето на телесни карактеристики е понижувачко, често со болни и долгорочни последици. Ги исмева и ги стигматизира жртвите, со разорување на самопочитта и оддржување на идејата дека нашите уникатни физички карактеристики треба да се споредуваат со фотошопираните норми за совршенство.

Иако ова самото по себе не е кривично дело,“ додава тој, „постојат услови во кои нарушување на нечија приватност за да се изведе делото го прават токму такво. И тоа не смее да се толерира.“

22 мај 2017 - 14:00