Најважните костими во Холивуд

Додека во некои филмови костимите постојат само за после некое време да ги снема затоа што така налага приказната, во Холивуд им се малку побитни. А излегува дека и на нас како публика, затоа што човек не може, а да не помисли баш на овие парчиња гардероба кога ќе го чуе соодветниот наслов.

Некои се смислени специјално за да додадат на уникатноста на ликот. Некои можеби не се ништо посебно за времето во кое се создадени, но ги облекува Мерилин Монро, застанува над вентилација и остануваат засекогаш запишани во историја.

„Ми текнува на тоа металното бикини што го носев во Епизода VI. Тоа веројатно ќе го носат манекенките во седмиот круг на пеколот.“

Ова е изјава на Кери Фишер за фамозниот костим на робинка во „Војна на ѕвездите“. А на Харисон Форд ич не му направил ќеиф. „Таа е принцеза. Што има да шета во бикини?“

Фустанот на Холи Голајтли е на пример, Живанши. И дизајниран специјално за Одри Хепберн. После нејзината смрт, Живанши го донираше во добротворни цели, и на аукција се продаде за 900.000 долари.

Не е сигурно дали списоков смее да биде толку краток, ама еве ги сите најбитни:

 

26 јуни 2017 - 09:23