На што се радувате во овие тешки времиња?

Стресот и анксиозноста во тешки времиња понекогаш ни доаѓаат премногу, но не е невозможно да се бориш со нив и да најдеш некаква радост.

Некои експерти сметаат дека повремено се гледа светло на крајот од сите тунели што нѐ снајдоа, дури и кога не догледуваме.

Акасиа Паркс, доктор на науки и главен истражувач во Хепифај Хелт, вели дека концептот на „среќа“ може да се расчлени на два дела.

„Првиот е емотивниот - не се работи само за она „да се биде позитивен“, туку да се биде позитивен почесто отколку негативен,“ вели таа. „Вториот е когнитивниот дел - значи како размислувате за животот. Ако го загледате - добар ли е? Кога разговараме за зголемување на среќата, мислиме на зголемување на една од овие работи, во најдобар случај и двете.“

Марк Д. Холдер, исто така доктор и професор на Универзитетот Бритиш Колумбија, вели дека има физички придобивки од одржувањето на високи нивоа на среќа. „Луѓето што се среќни имаат тенденција да живеат 7.2 години подолго,“ вели Холдер. „Не само што живеат подолго, туку добиваат 7.2 години среќа плус во животот.“ Предлага уживање во ситни, среќни моменти во текот на денот за да си ја зголемиме среќата.

„Во едно хаотично утро, знам да читам мејлови додека пијам кафе, но кафето ми е омилен дел од денот и сосема го пропуштам ако читам мејлови,“ вели Гречен Рубин, автор на „Проект за среќа“ и водител на подкастот Happier with Gretchen Rubin. „И античките филозофи и современите научници се согласуваат дека клучот за среќата лежи во односите со луѓето.“

„Мораме да одржуваме силни, интимни врски со другите луѓе. Треба да се чувствуваме поврзани, да можеме да добиеме подршка - и еднакво важно за среќа е да можеме и ние да ја дадеме,“ додава таа.

Бидејќи среќата на различни луѓе различно им значи, радоста може да се најде во повеќе форми.

„Не постои решение што ќе им одговара на сите,“ вели Рубин. „Секој од нас мора да открие каква му е природата, кои му се вредностите, интересите, каков му е темпераментот. Сите мораме да го најдеме сопствениот пат.

Односно, сами мораме да откриеме што е она што би нѐ направило среќни.“

9 јуни 2020 - 00:00