Како уствари се пишува Чајковски?

Лесно ни е на нас, само треба да пазиме да не го ставиме акцентот на А-то во презимето и одма звучиме научено.

А сепак, еден тон Американци толку долго се мачеле да го напишат Русинот, што американската Library of Congress има запишано кои сè начини се точни за ти на Фејсбук да можеш да се направиш паметен, а притоа да не ти се направи попаметен ниеден паметњакович за класична музика.

Ако баш ви се дешифрира, еве му го потписот:

 

13 Мај 2017 - 11:39