Како нѐ лаже Холивуд за глупости

Колку филмови сте изгледале каде што некој користи вентилација за да се движи низ објект? Или кога полиција ќе прегледува снимки од улични камери, па ќе зумира, па ептен многу ќе зумира и ќе види дека убиецот може носи маска, ама има точка на ирисот што го издава кој е. Ништо од ова не важи, Холивуд само си ја олеснува работата.

1. Во вентилација не собира човек.

2. Снимки од сигурносни камери се зумираат, ама едвај се гледа така.

3. Кога експлодира бомба, нема огнена, скоро со уметнички бои експлозија до небо. Има прашина и ѓубре.

4. Пираните се многу плашливи риби.

5. Наспроти нашите детски стравови, живиот песок воопшто не е проблем.

6. Адреналин се инјектира во вена, а не драматично во срце.

7. Ако има дупка во телото на авионот, не се исшмукуваат сите надвор, притисокот се стабилизира за неколку секунди.

8. Технички, лавата е толку густа, што не можете да пропаднете. Само што, не дека ќе ви смени нешто.

9. Не може „да нѐ мавне астероид“, а притоа НАСА да не го знае тоа. А ги знае сите што ќе нѐ пројдат во наредни 100 години.

10. Ласери за обезбедување постојат, ама не можете да ги видите за да изведувате балетски точки за да ги избегнете.

11. На колата мајка ќе ѝ се расплаче ако скокне и слета на улица.

12. Ако тој што го бркаат го застрелаат и не му погодат витален орган, може уште малку да продолжи да трча. 

извор

10 јуни 2020 - 00:00