Како мачките го освојуваат светот?

Десет илјади години, мачките успешно го манипулираат човекот да ги двори и да им удоволува. Ги има на сите континенти, освен Антарктикот, значи ги бива за инвазија, а сепак кој што прави – ние им помагаме како едни робови на две нозе. Сега, истражувачи имаат откриено од каде точно мачките го започнале преземањето на светот.

КАКО ДА НЕ МУ ДОЗВОЛИШ СÈ?

За домашната мачка се знае дека потекнува од дивата мачка (Felis silvestris). Ја има во Европа, Африка и голем дел од Азија и поделена е на пет познати подвидови, од кои сите делуваат идентично кога го гледаш само скелетот. А сепак, со генетска анализа на останките од 352 мачки од Намибија до Франција, стари измеѓу 9000 и 100 години, се доаѓа до конечното откритие – кога овие суштества го преминале прагот?

!!!!!!!!

Резултатите го потврдуваат тоа што многумина го претпоставуваат: сите домашни мачки потекнуваат од еден подвид, Felis silvestris lybic, од пред 10 000 години, најверојатно одгледуван од земјоделци како контрола за штетници. Откриле дека наместо да има еден извор на припитомување, можно е да се случувало на две локации на Блискиот исток.

„Сè уште е нејасно... дали Египетската домашна мачка потекнува од мачки увезени од Блискиот исток, или имало сосема одвоен процес на припитомување во Египет,“ истакнува Клаудио Отони, кој е ко-автор на една студија во Природа, екологија и еволуција. „Ќе мора понатамошни истражувања.“

Ако добро размислиме, мачките се прилично лоши кандидати за припитомување: Тоа се осамени животни и територијални предатори на кои им недостасува хиерархиска социјална структура. А

Ова е тоа што нè доминира 10.000 години.

сепак, нивното влијание е раширено насекаде низ светот. Истражувачите веруваат дека при трговијата во Египет, мачињата се рашириле низ светот по вода и копно и тоа толку далеку, што една викиншка населба на балтичкиот брег има коски од Египетска мачка.

ДНК анализата на прастарите останки од мачките дала и увид во тоа какво им било крзното (боја и шари), со што би помогнала да сфатиме како воопшто мачките биле припитомени.

Откриено е на крај, дека мачките од стар Египет имале крзно со риги, слично на тоа од цртежите што ги има по гробниците и дека оваа шара доминирала илјадници години. Дури во средниот век се појавува тоа што денес го викаме „тигреста“ шара, или точки и риги, и тоа на територијата што се протега од југозападна Азија до Европа.

Ова укажува дека поголемиот дел од историјата на припитомување мачки, тие што ги чувале не му ја мислеле околу естетиката, туку ги чувале од многу попрактични причини.

Зашто така ни нафрлија дека не е логично мачката да е домашно животно – не се знае. Може не смеат да кажат, а уствари треба веќе да ни биде јасно дека мачињата ни праат финти за контрола на умот и додека комплетно нè освојуваат, ние само можеме да се воодушевуваме колку се слатки. А зошто еден супериорно интелигентен вид така лесно би се впуштил во бркање ласер по ѕид, исто така никој не ни кажува.

27 јуни 2017 - 12:10