Современа жена

Како денес би се снашле со најдобрите гаџети на Џејмс Бонд?

И тоа не било кој Бонд, туку тој на Роџер Мур, затоа што, според Wired, Роџер Мур ги има најјаките гаџети во историјата на целата франшиза. Како би ги искористиле денес?

Stay tuned.

Live and Let Die (1973)

Rolex Submariner

Прво, машки саат е еден од најјаките аксесоари што може да ви текнат, ама ако добро се сеќавам, овој саат имаше мала моторна пила и портабл генератор за електромагнетно поле. Во филмот, Бонд СО ГЕНЕРАТОРОТ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ПОЛЕ швалерски го откопча патентот на г-ца Карузо, а ние што би во денешно време и во нашите нешпиунски животи? Па за истото бе, сте пробале ли сами да се закопчате, кога нема никој дома. Плус, барање клучеви низ дома? Историја.

The Spy Who Loved Me (1977)

Lotus Esprit

Фановите расправаат дека Роџер Мур ја возеше најдобрата кола смислена за Џејмс Бонд. Се трансформираше во подморница, основниот пакет вклучуваше вградени торпеда и прскач на цемент на задниот дел за да ги забави тие што го бркаат. Шалт таблата се вртеше и стануваше уште покорисна за под вода, совозачкото седиште криеше уште корисни оружја. Е сега, баш дека ќе одиме под вода не знам, ама дека торпедата ќе се најдат кога некој пред тебе УПОРНО не дава жмигавец – и тоа како. Цементот? Па што знам, може некој те следи. Или тоа, или ти се лепи на семафор.

For Your Eyes Only (1981)

Идентиграф

(многуе глупо, знам)

На оваа машина и кажуваш физички карактеристики (значи, боја на очи и коса, дали носи наочари и слично), па пребарува криминалци во база на податоци од други шпиунски агенции. Ех, бескрајни можности со ова. Ќе заврши времето на тајно сликнување божем гледаш нешто во телефон и праќање по Вибери со „кој беше ова?!“

Octopussy(1983)

Seiko G757  рачен часовник

Овој гаџет, што му доаѓа како нешто што Apple Watch се стреми да биде, имаше вграден гео-локатор, со кој што Бонд го бараше Фабержеовото јајце. А вие ќе заборавите како беше чувството на „кај ја паркирав колата?“

Да, последните неколку години Бонд има поопасни апаратчиња, ама ниедно од нив не е глуп дигитален саат, па не е толку интересно.

25 мај 2017 - 10:31