Од пин-ап женствени до опасни жени

Еволуција на женските суперхерои

Има една сцена од '70-ти, кога Бетгрл се дотерува пред огледало. Од тогаш до денес, суперхеројскиот свет стана едно многу попријатно место за жените.

На почетокот жените во суперхеројските приказни се базираа на следното: една нежна жена која дури и откако ќе го облече костимот, сè уште се потресува околу фризурата. Ама светот се свести. И денес, Бетгрл, Супергрл, Вондервоман (мора ли вака да изгледаат на кирилица?), Црната вдовица и други надополнети со Сторм и Мистик од X-Мен на пример, станаа ликови со коишто денешната жена и тоа како може да се поистоветува.

Нели, ако можат на машките деца да им купуваат Бетмен и Спајдрмен костими, за тие да се чувствуваат моќно и силно, конечно девојчињата можат да бидат херој од кој не се очекува само да биде секси и потајно да биде заљубен во машкиот опонент.

На што личи ова?

Нормално, сите ќе се согласиме дека Кетвоман на Мишел Фајфер беше феноменална. Ликот беше феминистички настроен, но сепак како решение (моќна, а сепак претерано сексуална) дојде во еден период кога филмскиот свет сепак беше помашки.

А денес на пример, имаме Црна вдовица на Скарлет Јохансон што прави парче, а тоа што е жена само ѝ помага при контакт со сељаци-криминалци.

(Сакате сега да си ја заебам феминистичката поента и да ви раскажам колку ми беше страв да барам гифови со назив Black widow, во случај да се појави пајак? Ај, не.)

А како се калеше жената супер-херој со текот на годините?

Да видиме:

 

26 мај 2017 - 12:31