Цели 50 финти за уредување по дома

Не е само да се одлучиш меѓу тросед и двосед или Г - гарнитура. Некој седнал и смислил како да си ги украсиш штекерите, како терасата да ти заличи на кафич и колку прејако ќе ти дојдат саксии во купатило.

Плус, како да ставиш крај на цел тој хаос од шминки и како глупите ќошеви по дома да изгледаат поубаво од ќошеви во скап Airbnb смештај во Париз.

А ова ќе биде историја:

Затоа што и за тоа има многу пријатна алтернатива.

Некој сериозно се зафатил со работа и направил компилација од корисни клипови со идеи што трае саат време.

Дека ќе ви затреба - ќе. Кога - не се знае. Ако ништо друго, маркерот во рака и нацртајте стрип околу штекерот во кујна.

22 јуни 2017 - 13:19