Белците никако да трефнат

Нова објава од јавен интерес, начичкана со селебрити фаци, со наслов „Преземам одговорност“, фраза непозната на овие простори, го јаде стапот од истата јавност за која е наменета. За „Црните животи се важат“ е.

„Влијателни“ гласови од белата заедница објаснуваат дека преземаат одговорност што тргале поглед од расизмот во Америка. Критика до небо - заради претерано драматичната изведба и заради увереност дека ѕвездите сепак тоа го прават - за себе.

Црно-белиот спот почнува со луѓе како Сара Полсон, Арон Пол, Кеша, Џастин Теру, Дебра Месинг, Брајс Далас Хауард и други што сериозно гледаат во камерата и кажуваат, „Преземам одговорност“, заради „некоја ситуација каде што можеби игнорирале расна неправда“.

Џулиен Мур го твитна спотот и допиша, „Денес, #ITakeResponsibility за мојата улога во искоренувањето на расизмот во Америка. Ако белата Америка не ја признае својата привилегија, системскиот расизам ќе продолжи да постои. Дејствувајте сега. На што ќе се обврзете?“

Се бунат и што наводно, некои од актерите се гледа дека читаат од сценарио, како на пример Стенли Тучи кој вика „Нема да дозволам незабележан момент. Нема да дозволам расистички навреди, шеги, стереотипи, колку и да се мали или големи во мое присуство.“

Некои ги фалат и актерите и пораката, ама некои тврдат дека двеминутниот клип ја промашува поентата.

На пример, еден коментар:

„Колку и да е добра намерата, секогаш се вадат со перформативни глупости. Имаат незаситна потреба да ‘испаднат добри и правични’ во секоја ситуација.“

Друг коментар:

„Како можат јавниве личности толку да промашуваат? Доста правите сѐ да се врти околу вас и донирајте секој по милион за организации што помагаат црнци!“

Последниот пат кога беше вака неумесно, беше на почеток на корона кога на светот незгодно му направи Гал Гадот со друштво.

А имаше и една жива брука со инфлуенсери.

14 јуни 2020 - 20:27