Најди го твоето брзо

Најк летово почнува глобална кампања за истрчување на најбрзиот километар во твојот живот. И ти учествуваш во подготовките и тренинзите кои ќе траат од почетокот на јули (6-ти) до крајот на август. За тебе и за твојата брзина Најк одбра 6 мастер тренери, кои ти подготвија програма што треба да го извади најбрзото од тебе.

ПОКАНА ЗА ТРЧАЊЕ
Ги покануваме сите спортисти да започнат да добиваат на брзина со апликациите Nike+ Run Club и Nike+ Training Club. Потоа на 30ти август, ќе бидете подготвени да трчате најбрзо што можете, заедно со најелитните светски спортисти, кои ќе се натпреваруваат на Светскиот натпревар во трчање во Пекинг.

„Nike од секогаш бил бренд кој е во служба на спортистите. И додека секој спортист сака да биде побрз, не секој од нив ги има потребните алатки и опрема за да го постигне тоа. Нашата кампања "Пронајди ја Својата Брзина" има за цел да обезбеди потполна инспирација и иновативност потребни на спортистите да трчаат, тренираат и да играат побрзо со Nike производитe, дигиталните апликации и специјалните настани за поддршка" вели Адам Рот од Nike.

NIKE+ RUN CLUB ПРЕДИЗВИК: ПРОНАЈДИ ЈА СВОЈАТА БРЗИНА
Брзината е составен дел во секоја Nike+ Run Club тренинг програма. Тренерите од Nike + клубот развија осум неделна програма, која ќе помогне секој да може да го истрча најбрзиот километар, без оглед дали е почетник или веќе истрениран тркач. Програмата вклучува вежбање, музика за мотивација и стручни совети со цел да ве направи побрзи и подобри. Покрај тоа, не трчате сами – познатата птица од Road Runner, заедно со своите пријатели ќе го диктираат темпото и ќе додадат малку (повеќе) забава на вашиот тренинг со секоја измината недела.

NIKE+ TRAINING CLUB ПРЕДИЗВИК: ПРОНАЈДИ ЈА СВОЈАТА БРЗИНА
Шест професионални Nike мастер тренери ги здружија своите сили за да го лансираат фитнес предизвикот кој ќе трае 12 недели за апликацијата Nike+ Training Club (NTC). Предизвикот: Пронајди ја Својата Брзина NTC, специфично е дизајниран за да ја подобри брзината, силата и агилноста низ разновиден сет дневни вежби.

Предизвикот започнува на 6ти јули како и првиот тренинг на првиот Мастер тренер, a тренингот на Мари Пурвис, наречен како "спремен-на позиција-ZOOM" (ready-set-ZOOM), започнува на 7 јули. Потоа, на секои две недели ќе биде лансиран нов тренинг од различен Nike Мастер тренер, нагласувајќи ги различните видови на тренинг кои треба да ве подготват да бидете побрзи, како на пример тренинг со висок интензитет, јога и тренинг за зголемување на силата.

На 30ти август, ќе бидете предизвикани да трчате најбрзо што можете заедно со Nike+Run Club и елитата светски спортисти забрзувајќи кон победата во Пекинг. Информирајте се за Предизвикот: Пронајди Ја Својата Брзина преку следење на известувањата од Nike sport feed на NTC апликацијата.

Летото секогаш поминува брзо , но ова лето, тоа може да биде уште побрзо.

(комерцијален текст)

4 јули 2015 - 13:55