На денешен ден замина стариот добар Хенк

Чарлс Буковски
16 август 1920 - 9 март 1994

Сина птица

има една сина птица во моето срце
која сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
ѝ велам, остани внатре, не сакам
никој да те види

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас ја налевам со виски и ѝ вдишувам
чад од цигари
така што курвите и бармените и продавачите
никогаш не дознаваат
дека е внатре

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
ѝ велам,
мирувај, сакаш ли да зафркнеш нешто?
сакаш да ја заебеш работата?
сакаш ли да ми ја упропастиш продажбата на книги во Европа?

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум паметен човек,
ја пуштам надвор само понекогаш навечер
кога сите живи спијат.
ѝ велам, знам дека си овде,
и затоа немој да бидеш тажна.
потоа ја враќам назад,
но таа потпевнува по малку
внатре, не ја пуштaат да умре
и потоа така спиеме
заедно
со нашиот
таен пакт
и сето тоа е доволно убаво
што човек би можел
да заплаче,
но јас не плачам,
а ти?

 

9 март 2017 - 15:20