Фед ле Гранд: Едноставно е, на луѓето секогаш ќе им се игра

Како ти изгледаат деновите на среде турнеја? Па, поприлично возбудливо, да бидам искрен. Или се спремам за шоу или патувам за друго шоу. Но не можам да се пожалам, да свириш секоја недела на неверојатни локации низ цел свет за мене е исполнување на сонот.

Претпоставувам дека немаш многу време за релаксирање. Некои хедонистички активности за во слободно време? Мислам дека самото диџејство е хедонистичка активност. А кога имам слободен ден гледам да е што е можно поопуштено. "Игра на тронови" сега ми го одзема најголемиот дел од слободното време. Сакам и добра игрица исто. Скааајрим :)

Имаш различни музички корења. Повеќе стилови се мешаат во твојата музика. Како еволуираш во смисла на жанрови? Ако ме знаеш, тогаш ќе знаеш дека се' кај мене е врзано со прогрес. Од објавувањето на мојот прв албум во 2007-та, постојано, со секое ново издание, се трудам да донесам нешто ново, притоа користејќи различни влијанија. Во последно време соработувам со некои стварно неверојатни музичари. Еве Дени Вајт на пример, кој е дел од мојата последна трака, Синематик http://flg.dj/cinematic-buy

Да имаш докажан акустичен музичар да работи со тебе и дава на денс траката сосема друга димензија која ја сакам.

Како влијае успехот врз тебе? Успехот влијае различно кај луѓето. Лично сметам дека не сум променет многу, пријателите и семејството ме држат приземјен. Секаде сум и секаков сум, но не сум некој што ќе се прави пресериозен. Можеш да ме разбудиш на сред ноќ за да ми кажеш многу многу лоша фора. Знаеш, има премногу работи на светот кои заслужуваат, па и бараат многу сериозен пристап. Се' друго треба да се третира што е можно "полајтерски". Животот е едноставно прекраток за да не си поминуваш убаво, паа... во секоја можна прилика :)

Ризично ли е да го балансираш успехот? Како се однесуваш после сите достигнувања? Искрено, сметам дека не е ризично. Многу сум перфекционист и давам се' од себе да направам нешто што е можно подобро. И многу се разочарувам кога работите не излегуваат како што сум ги замислил. Се' е врзано со количеството на инвестирано срце и страст. Колку поблиску до срцето ми е проектот кој не сум успеал да го реализирам како што сум го замислил, толку сум поразочаран. Дефинитивно сум страствен тип. Но во исто време сум приземен, закам добра шала и не се гледам многу сериозно, па сметам дека целината е избалансирана.

Велиш дека Австралија, Бразил, Унгарија, Бугарија и САД ти се омилени места за настап. Што очекуваш од Македонија? Мала земја сме, но Грин Бич Фестивалот каде што ќе настапуваш досега беше домаќин на Армин Ван Бурен, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез... Очекувам многу! Грин Бич Фестивал ми ги отвори очите за денс сцената во Македонија. Мислам дека е во зачеток, но секоја година е се' поголема и јасно е како ден дека вие дечки знаете да се журкате. Плус, мислам дека вашата земја е апсолутно прекрасна и се надевам дека ќе бидам во можност да прошетам малку, не само да ја видам Македонија од авион.

Како ти влијае природното опкружување на местото каде што пушташ? Да пушташ музика на место со убаво природно опкружување, како плажата на Грин Бич Фестивал, секогаш е посебно. Колку што е забавно да пушташ во клубови, сосема друго искуство е под отворено небо. Затоа диџеите ги сакаат фестивалите на отворено. Плус има и повеќе публика :)

Омилена "гилти плежр" песна што ја слушаш кога си сам? Сите имаме песна што си ја пуштаме кога сме сами. Мене "Шејк ит оф" на Тејлор Свифт ме гаѓа секогаш.

Татко ти е физиотерапефт а мајка ти уметник. Како нивните професии влјаеа на тебе? Родителите се многу голем дел од животот на сите нас. Очигледно, креативноста е битен дел од создавањето музика, и мислам дека многу наследив од мојата мајка. На татко ми сум му благодарен за подршката.

Како ја гледаш сопствената транзиција од андерграунд артист во светска диџеј суперѕвезда? Мислам дека големото пробивање во меинстримот беше "Put your hands up 4 Detroit". Одеднаш цел свет дозна за мојата музика и бев фрлен среде спотлајтот и после... се 'стана многу откачено.

Омилена животна одлука? И најнепријатна одлука која си ја донел? Па... не многу луѓе го знаат ова, но не бев сигурен дали да ја објавам "Put yoyr hands up 4 Detroit". Некако сум среќен дека ја објавив ;) За најнепријатна, искрено не знам. Има моменти кога распоредот ме убива и морам да летам меѓу две журки, без да ја видам хотелската соба, а за спиење да не зборувам. Неколку пати сум помислил дека објавувањето на "Put your hands up 4 Detroit" не е баш најдобра одлука, но кога ќе стигнам да пуштам на журка на која никогаш не би викнале, се' поминува и се' е супер.

Како го подготвуваш сетот? Однапред знаеш што точно ќе пуштитш или го оставаш инстинктот да се вмеша? Генерално, на секој сет знам што ќе пуштам, но секогаш оставам простор за промени во зависност од расположението на публиката. До ден денес сметам дека тоа е едно од најважните диџејски правила. За мене е многу важно. Тотално би испаничил ако знам дека ќе бидам заглавен во одреден опсег на песни и утврдени траки, а со тоа да не можам активно да реагирам на фидбекот од публиката.

Замисли дека имаш договорено снимање со Мајкл Џексон, Џорџ Клинтон и Џејмс Браун. Што ќе сугерираш на снимањето? Каков би бил твојот придонес? OMG! Вау! Или стварно сте истражувале или неверојатно среќно сте ги погодиле сите мои најголеми херои на сите времиња. Хмм, сите тие на исто снимање. Пффф, не можам ни да помислам на такво нешто! Хаха, тоа би било нешто многу многу фанки. Сигурен сум!

Како гледаш на еволуцијата на денс музиката и на нејзината иднина? Денс музиката постојано се надоградува со поjавувањето на нови и возбудливи жанрови. Пред се' заради Дафт Панк, од неодамна сведочиме преродба на диското и фанкот. Денс музиката секогаш ќе има иднина зошто луѓето сакаат да изграат на музика. Толку едноставно.

Нешто за крај? Како што спомнав, чујте го мојот последен сингл Синематик и неверојатниот вокал на Дени Вајт.

Тука сè за Грин бич Фестивал

6 јули 2015 - 14:49