Свирка за изгорената рокенрол опрема

Почитувани пријатели! Пред неколку дена во пожар во просториите на Макотекс изгоре голем дел од опремата на неколку бендови кои ни се горе-долу познати на сите.

Неофицијално, материјалната штета е проценета некаде околу 20 000 еур, а нематеријалната е бесценета.

За оваа цел, дел од колегите ќе се соберат на настан со хуманитарен карактер - да се обидеме да вратиме бар мал дел од она што е загубено.

Цена на карта: 200 денари, на врата.

Дополнителни донации на трансакциската сметка се повеќе од добредојдени.

повеќе на ФБ

23 декември 2016 - 17:35