На Сити мол на роденден му дојдоа 40.000 луѓе

Центарот на Скопје вчера беше поместен во Скопје сити мол, каде се прославувше четвртиот роденден со видна возбуда и еуфорична атмосфера. На вчерашниот 1 октомври, првиот ден од роденденското славење беа регистрирани над 40.000 посетители во само еден ден.

Богатата програма, музика, бесплатни коктели и колачи, огромните попусти и подароци и присуството на многу познати личности го преполни Скопје сити мол само во првиот, од четирите роденденски денови полни со изненадувања за потрошувачите.

Настапите на култните „Нокаут“ и на хрватската поп-изведувачка Данијела Мартиновиќ го исполнија пладнето и ноќта со дополнително задоволство, што потрошувачите го искористија за шопинг до полноќ.

Скопје сити мол и денес ги очекува сите посетители на роденденската дружба и забава!

комерцијален текст

2 октомври 2016 - 13:06