Мрдни со прст

Драги пријатели, ова е прв голем настан кој го организира иницијативата Friends2Friends со поддршка на граѓанската иницијатива Мрдни со прст / Lëviz me gisht
Мотив за организирање на настанов беше пожарот кој се случи во Макотекс во кој изгореа инструментите и студиото на наши пријатели музичари. После оваа трагедија следеа и нови лоши изненадувања, именно имаше поплава во истата зграда која ги зафати и помошните простории за проби.
Со купување карта за овој фестивал од 100 ден. во претпродажба (200 ден. на врата) ќе им овозможите на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура!

Настанот го поддржаа следните бендови:
1. Темпера
2. Mooger Fooger
3. Милко
4. Фолтин
5. Сетстат
6. Alter Vivo
7. Јаничари
8. Conquering Lion

Неизмерна поддршка дадоа и Младински Културен Центар! Во фоајето на МКЦ за време на фестивалот ќе се организираат низа на забавни активности, а музика ќе пуштаат:
1. Dj Goce SAF
2. Toni Zen Official
3. DJ Chvare

Мрдни со прст, мрдни со уво.

повеќе

24 февруари 2017 - 08:24