Хуманитарна изложба цртежи на Отец Пимен

Вечерва (среда. 5.10.2016) во Подрум (ТЦ БУњаковец) се отвoра изложба на цртежи работени на скеч гуру - мали формати.

Наслов: „Балерините и нивната публика“
Автор: Отец Пимен
Приходите собрани од продажбата на цртежите, ќе бидат наменети за помош на Александар.

******

До сојот е

Кај ќе бегаш?

Знаеш дека генот фалсификат не бива.

Ако не од прва ама кај и да е еве ти го.

Ќе покаже рогови.

Ќе те ѕвекне од негде.

А ти ако знаеш историја

И генеза

Нема шо да се чудиш.

А мисли си ти

Дека нешто многу си талентиран

Е арно ама не знаеш од каде.

Демек свириш, пееш, црташ...

А дедо, прадедо?

Та нели едниот бил боем

Дома не се прибирал?

Другиот нели фотографирал

Уште пред Манаки душа да пушти?

А првата фусармоника во Ресен кој ја донел си прашал?

А првото радио таму

Кога цар Борис се упокои '43 чинам

Кој го донесе?

И кој со др. Црцар слушаше вести

Кога татко ти и чичковците вртеа

И со индукција струја правеа

За радио слободна Европа да слушаат?

И кој кумендии му правеше?

И кој чоечиња шо пеат во расклопено радио бараше?

И кој низ Софија масло на платно редеше

Ако не чичко ти?

И кој брод од дрво со свои раце направи

За водите езерски да ги цепи

И чалам морнарски да тера

Ако не татко ти и другиот чичко?

И кој мемоари фамилијарни пишувал

Ако не третиот?

А кој цела ревиера забавувал

И засмејувал?

Кој бе копук еден те научил

Да црташ?

Чиј беше саксафонот кој уште кога беше

Поголем од тебе ти го даваше

Да го свириш?

А кларинетот?

И кој ја испеа најдобро

Била је тако љепа

во Преспата?

И кој...

Е тие де.

Тие што дух ти вдахнаа.

А ти ај биди маж

И кажи

Море батали

Јас сум фраерот

Јас сум првиот.

Тука кажи им фала на Бога

И предците за генот.

Па какви и да се.

Отец Пимен

5 октомври 2016 - 12:50