Зошто толку многу луѓе умираат при чистење на снег?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Најмалку три лица починале чистејќи ги последиците од обилните снежни врнежи кој во вторникот ја зафатија американската држава Њујорк. Годишно над сто лица во САД починуваат при чистење на снег, а во Канада таквите случаи ги полнат секојдневните вести секоја зима. Зошто ?

Кардиологот Бери Франклин изјавил дека бројот на луѓе кои починуваат чистејќи снег би можел да се зголеми за двапати. Верувам дека поради овие активности годишно губиме над сто лица – изјавил Франклин, директор на превентивна кардиологија и кардио рехабилитација во болницата Вилијам Бомонт во Мичиген, пренесуваат од weather4all.com.mk.

Податоците покажуваат дека кај младите лица пулсот и крвниот притисок при чистењето на снегот се покачуваат отколку на пример при трчање на подвижна трака. Кога сето тоа ќе се комбинира со студениот воздух кој ги затегнува крвните садови и го намалува протокот на крв, се создаваат совршени услови за срцев удар – изјавил Франклин.

Чистењето на снегот е посебно напорно бидејќи бара работа со раце, што е повеќе захтевно од работа со нози а исправената положба ја пренасочува крвта од срцето кон долните екстремитети. Влажен и потежок снег предизвикуваат дополнителен напор.

Многу луѓе при тешка работа го задржуваат воздухот во себе, што исто така го оптеретува телото. За да бидат работите уште полоши, чистењето на снегот најчесто се одвива помеѓу шест и десет часот наутро, кога луѓето природно се повеќе ранливи на срцеви удари.

Доктор Франклин смета дека чистењето на снегот е толку опасен, така што не се препорачува за лица над 55 години.

Ако веќе мора, снегот најдобро е да се подбутнува отколку да се подигнува, треба слоевито да се облекувате, да се прават редовни паузи на топло, да не се јаде и да не се пуши цигари пред чистењето.

Луѓето навистина незнаат колку чистењето на снегот го оптеретува срцето – нагласил Франклин.

26 ноември 2014 - 10:53