Волчјакот на Јелена го претчувствувал нејзиното убиство

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.

89296_jelena-krsmanovic
89296_jelena-krsmanovic
Домашниот љубимец на убиената пејачка Јелена, волчјакот Макс секогаш ја дочекувал на портата  на нивниот дом во Борча. Како што изјавуваат нивните први комшии, Макс последниот месец ја насетувал трагедијата бидејќи не престанувал да завива, а криковите кои ги испуштал биле најгласни после полноќ, кога Јелена се подготвувала да си легне. Тогаш таа, тврдат комшиите, би излегувала од домот и би го галела додека не се смири. Меѓутоа откако пејачката е убиена, кучето сосема стивнало, не се слуша воопшто, ниту пак реагира на луѓето кои влегуваат во дворот.
-Во саботата кога Јелена исчезна, Макс лаеше цел ден, како да почувствува дека нешто се случило. Неколку недели претходно постојано лаеше и тоа навечер, што претходно не се случувало- изјавил за Стар, еден од комшиите  на Марјановиќ.
16 април 2016 - 15:28