Умрел, го видел пеколот, па се вратил на Земјата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

 Дека смртта не е крај, веќе е јасно за скоро сите луѓе во светот. Интересно е меѓутоа што точно се случува во другиот свет.

Има многу луѓе кои се вратиле од таму и раскажуваат што виделе и што преживеале. Обично тие зборуваат како се подигнале над телото и потоа виделе светлина, која ги чека да поминат низ неа, но поради незавршена работа тие остануваат на земјата.

Таков е случајот со еден од пациентите на д-р Морис Маулингс кој е патоанатом, специјализиран во кардиоваскуларни болести.

Овој пациент раскажува како се издигнал над своето тело и ги гледал лекарите, кои се обидувале да го спасат. Но, потоа некоја темна сила го донела во мрачното и непријатно место. Таму тој имал чувство како постојано демоните го гледаат. Тогаш душата му се развриштела дека сака да се тргне од тоа зло место. Во следниот миг таа повторно се вратила во телото.

Според експертите во паранормални, демоните го тераат духот на пациентот да се врати на телесниот свој живот. Постои веројатност тој да бил во пеколот, ако не се вратеше на земјата.

28 февруари 2016 - 18:52