СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО: Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата!

Државната агенција на Северна Кореја денес објаве дека токму тие за прв пат во историјата на човештвото го испратиле првиот човек на Сонцето. Како што наведува С.Корејската агенција, астронаутот Хунг Ли Гонг околу 3.00 часот слетал на Сонцето во посебно дизајнирана ракета.

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Инфомакс.

"Многу сме воодушевени што можеме да објавиме дека успешно испративме човек на сонцето" – ракол во програмата во живо на централните вести гласноговорникот на С.Корејската вселенска агенција и нагласил "Северна Кореја ги победи сите останати земји со успешна мисија за слетување на Сонцето. Хунг Ли Гонг е херој на нацијата и заслужува да биде хероски дочекан од враќањето од мисијата кое ќе се случи некаде во вечерните часови"

Дочекот на специјално обучениот астронаут се очекува вечерва околу 21.00 часот, каде ќе се состане со неговиот вујко и голем лидер Ким Јонг Ун.

Разбирливо е дека 17-годишниот "вселенски истражувач" морал да патува ноќе со цел да го избегне големото сончево зрачење и неговиот генијален пристат при слетување на Сонцето кое ја постави Северна Кореја на врвот на вселенските истражувања.

За време на престојот на сонцето, Хунг собрал примероци од Сонцето кои ќе му ги предаде на својот голем лидер како подарок!

29 септември 2015 - 15:53