Сакате да им бидете секси на жените? Доволно е само да ја јадете оваа намирница!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Македонија денес.

Ако сакате да изгледате позаводливо на спротивниот пол не морате да поминувате часови и часови во теретана, туку доволно е само да ја јадете оваа намирница.

Истражувањето објавено во списанието ” Бихејвиорална екологија ” покажало дека здравиот изглед е всушност поважен и од самото здравје.

А најлесен начин да постигнете здрав изглед е да јадете намирници богати со каротеноиди, или да користите додатоци со бета каротен.

Истражувачите откриле дека мажите чија кожа има повеќе жолти и црвени пигменти е оценета како попозитива и попосакувана од страна на жените, иако не се поздрави во споредба со другите учесници во студијата.

Во текот на студијата, која траела 12 недели, една група мажи земале додатоци бета каротен, додека втората била на плацебо.

На жените им биле прикажувани пред и потоа слики од истите тие мажи, а оние кои земале суплементи ги оцениле како 50 проценти повеќе атрактивни и посакувани од оние кои тоа не го правеле.

Значи, ако сакате да бидете забележани и да ги привлекувате дамите, се што е потребно во својата исхрана да додадете малку здрава храна – или суплементи.

Меѓу намирниците кои се богати со каротеноиди се наоѓа лиснатиот зеленчук со потемни бои како што е кељ и спанаќ но и доматите влегуваат во оваа комбинација.

20 февруари 2017 - 08:59