Се случи нешто неверојатно – Путин донесе сонце во Белград иако медиумите со денови најавуваа дека расположението на воената парада ќе биде расипано поради дождот и лошите временски услови.

Српски „Телеграф“ наведува дека сончевото време ќе се задржи до крајот на дефилето.

„Дали ова неочекувано разведрување е случајност, поврзано со виша сила или, пак, со напредна воена технологија за разбивање облаци, не се знае, но во воената парада ќе може да се ужива без чадори“, наведува Телеграф.рс.