Погледнете зошто оваа фотографија молскавично се шири на интернет: Убавината во 1950. и денес!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Sky.

Последниве денови на социјалните мрежи се појави фотографија од убавица од 1950. година, а со неа и расправите за поимот убавина и совршените женски пропорции. Може да се каже дека тоа е темата која денес често ги мачи младите девојки, но факт е дека совршената убавина некогаш се доживувала поинаку.

На модните писти денес облините речиси и не можат да се видат, бидејќи совршеното женско тело е слабо. Денес девојката од левата фотографија не би била доживувана како убавица која треба да чекори на модна писта. Модната индустрија веројатно би ја одбила поради вишок килограми.

22 октомври 2014 - 08:35