Паметните жени имаат помала шанса да се омажат

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фама.

Според податоците добиени од последните две истражувања спроведени во Америка и Велика Британија, експертите предупредуваат дека жените кои лесно се мажат - не се претерано паметни. Значи, колку што се жените поинтелигентни – толку е помала веројатноста да завршат во брак. За секои 16 IQ бодови повеќе, шансата за брак се намалува за 40 отсто, додека кај мажите со ист пораст, шансата се зголемува за 35 отсто. Девојко, би требало да се загрижиш ако твојот сакан те запроси, затоа што гледано низ овој контекст, веројатно те смета за поглупава од него.

Британците го мереле нивото на коефициентот на интелигенција на деветстотини единаесетгодишници. После 40 години повторно ги контактирале за да го утврдат напредокот кој го оствариле во тој период. Нивниот заклучок бил: „Мажите сакаат да бидат главни во врската“. Тоа значи, дека не треба да му приговараш кога ќе удри со раката во маса затоа што си ја пресолила супата, а нема да погрешиш и ако се послужиш со упатства за однесувањето на жената во брак од педесеттите години на минатиот век.

Универзитетот од Мичиген носи посвежа верзија на приказната. Всушност, сфатиле дека мажите повеќе би избрале жена која, колку толку, ќе е рамноправна во работите, отколку онаа која има подобра работа од нив, па поради тоа имало и поголема можност таквите жени да бидат неверни?!

Заклучок? Не помислувај на кариера, ако сакаш партнерот да те сака и да не мисли дека го изневеруваш или едноставно најди некој кој е поуспешен од тебе. Во секој случај, сега барем имаш ново оправдување кога мајка ти ќе те запраша зошто се уште не си омажена.

22 март 2017 - 11:28