Некс Тајм ќе отпеат досега неиспеани македонски народни песни

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.

И Некс Тајм се сврте кон корените.

Некст Тајм периодов работат во студио на нов материјал што наскоро планираат да и го презентираат на јавноста. 

Станува збор за проект кој ќе биде составен од македонски народни песни кои никогаш досега не биле испеани, пренесува Вечер.

Мартин најави и дека планираат да снимаат видео запис за еден од сингловите во кој  ќе се појават во улога на комити.

-Планираме да снимиме и спот за синглот кој прв ќе го пуштиме. Во вакво издание никој досега не нема видено. Пред пет години ја снимивме песната „Caruso“, но верувајте ова е нешто што е многу подобро од неа“, изјави Мартин за Вечер.

Во Македонија се повеќе изведувачи ги преработуваат македонските народни песни, што може да се смета за добро, бидејќи тие повторно заживуваат, секако во едно малку помодерно руво.

17 октомври 2014 - 13:25