На вашиот задник се наоѓа мускулот на душата – Тој е извор на стравовите и страдањата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Репортер.

Депресија, ансиозност, стравови, фрустрации… широка листа на психички тегоби кои го мачат современиот човек, а ние сакаме да кажеме дека сето тоа е во главата. Но, тоа не е сосема точно. Сите тие маки се всушност во нашиот задник.

Голените слабинкси мускули уште се нарекуваат и карлични мускули, а во некои култури ги нарекуваат и „мускули на душата“, а тоа име не е дадено случајно, пишува The Higher Perspectives.

Слабинските или карличните мускули го зафаќаат долниот дел од грбот, минуваат покрај колковите и завршуваат веднаш под задникот.

Нивната улога е повеќекратна – тие го контролираат движењето на телото, флексибилноста, движењето на зглобовите и рамнотежата, а што е најважно, одговорни се за исправеното држење на телото.

Не е ни чудо што нашите психички тегоби се одразуваат на состојбата на тие мускули, одговорни за држењето. Можеме да речеме дека тие мускули се одговорни за самопочитта, па нивното вежбање е многу важно за сите оние кои се несигурни во себе и се чувствуваат депресивно и анксиозно повеќето време.

Овој мускул е поврзан и со дијафрагмата, а со самото тоа и со дишењето, па неговото значење за нашата психа поради тоа е зголемено.

27 октомври 2016 - 14:50